Проектот „Креативни умови создаваат можности за работа“ е амбициозен проект финансиран од страна на ЕИФЛ преку
ПЛИП програмата, кој ги поддржа невработените лица од општините Радовиш и Конче во подобрување на нивните вештини со цел подобро да ги препознаат можностите за работа. За потребите на невработените лица беше изготвена веб страна за олеснет пристап до информациите, и беа организирани обуки за основни компјутерски вештини, интерактивни обуки (како да аплицираат за работно место). Со обуките директно беа опфатени 87 невработени лица од општината, на возраст од 20 - 40 години.
Овој проект беше реализиран во партнерство со невладините организации „Женска акција“ Радовиш и Граѓански креативен центар „Креа“.