С О О П Ш Т Е Н И Е
Во согласност со Одлуката од Владата на РСМ донесена на 30 јуни 2020 година за отварање на библиотеки, мерките и препораките од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“, Радовиш од денес 06 јули, 2020 година, започна да работи со корисници со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки.
ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА КОРИСНИЦИТЕ
Задолжително носење лична заштитна опрема на лицето што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата: маска, марама или шал. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства.
Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека (средството за дезинфекција е обезбедено од библиотеката).
Одржување на физичко растојание од 2 метри.
Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник.
Библиотеката ќе ги следи мерките на надлежните органи и соодветно ќе ги прилагодува и менува постојните мерки на заштита.
Библиотеката навремено ќе ги информира корисниците за сите промени преку соопштенија на влезот, преку официјалната веб страна
www.bibliotekaradovis.org.mk и на профилот на фејсбук.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работата со корисниците ќе се одвива во две смени:
Прва смена 8.00. – 12.00 часот
Пауза за дезинфекција на просторот 12.00 – 12.30 часот
Втора смена 12.00 – 16.00 часот
Сабота е неработна.
РАБОТА СО КОРИСНИЦИ:
Само за враќање и позајмување книги.
Обновување на членството и запишување на нови корисници.
Читалните нема да работат се до новите упатства.
ВРАЌАЊЕ НА ПОЗАЈМЕНИТЕ КНИГИ:
Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови.
Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за издавање.
Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници.
На корисниците нема да им биде овозможено слободно пребарување по фондот.
Со почит,
Директор Радовиш, 06.07 2020
Иванка Соколова