Врз основа на член 20-г и 20-д од Законот за вработените во јавниот сектор, а во врска со член 76-а, член 76-ѓ, член 77-а став 1 алинеја 1 и став 2, член 77-б, член 77-в, член 77-г и член 77-д од Законот за културата, член 4 од Правилникот за формата и содржината на јавен оглас и пријавата за вработување на даватели на јавни услуги во ОНБ „Браќа Миладиновци“ Радовиш со бр. 01-39/1 од 26.02.2019 г., Правилникот за систематизација на работните места бр. 01–124/2 од 21.10.2015 година, Годишниот план за вработувањње бр. 01–63/1 од 29.03.2018 година, Согласноста од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.18 – 1780/2 од 05.02.2019 година и Одлуката за објавување на јавен оглас бр. 02 – 139/1 од 10.09.2019 се објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
за вработување на 3 (три) лица на неопределено време бр.02 02 – 139/1 од 10.09.2019 година
ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш има потреба од вработување на 3 (три) лица, од кои 3 (три) даватели на јавни услуги на следните работни места:
Даватели на јавни услуги:
1.
Стручен соработник за заштита на културно наследство – библиотекар, шифра КУЛ 0304 Д03 001 категорија Д, ниво Д-3 Сектор за библиотечно работење– Одделение за позајмување и услуга, 1(еден) извршител; За пополнување на работното место, кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови:
-Вид на образование: Високо образование или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од научните полиња: Наука за книжевност, Социологија и Библиотекарство и документација;
-Работно искуство до 1(една) година
- Стручен соработник за заштита на културно наследство – библиотекар, шифра КУЛ 0304 Д03 001 категорија Д, ниво Д-3 Сектор за библиотечно работење – Одделение за посебни книжевни фондови, 1(еден) извршител;
За пополнување на работното место, кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови:
-Вид на образование: Високо образование или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од научните полиња: Наука за книжевност, Социологија и Библиотекарство и документација;
-Работно искуство до 1(една) година
- Стручен соработник за заштита на културно наследство – библиотекарски помошник, шифра КУЛ 0304, Ѓ02 005 категорија Ѓ , ниво Ѓ - 2 , 1 (еден) извршител;
За пополнување на работното место, кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови:
-Вид на образование: средно-гимназиски смер или најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII1 степен наука за книжевност, библиотекарство и документација.
-Без работно искуство во струката.
За работните места под реден број 1 и 2, распоредот на работното време и паричниот износ на основната нето плата изнесува: за неопределено време со полно работно време (40 работни часа неделно од 7 часот до 15 часот и од 11 часот до 19 часот) нето плата без минат труд ќе изнесува 24.132,00.
За работното место под реден број 3, распоредот на работното време и паричниот износ на основната нето плата изнесува: за неопределено време со полно работно време (40 работни часа неделно од 7 часот до 15 часот и од 11 часот до 19 часот) нето плата без минат труд ќе изнесува 19.655,00 денари.
Кандидатот, за сите работни места, треба да ги исполнува следните општи услови:
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Согласно Годишниот план за вработување на Библиотеката за 2019 година за даватели на јавни услуги во културата и помошно-технички лица предвидени се 3 вработувања, од кои 3 на македонската заедница.
Пријавата за вработување (превземи ја од веб страната на Библиотеката (
www.bibliotekaradovis.org.mk) содржи:
-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедницата);
-кратка биографија;
-изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
-изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно;
Кандидатите кон пријавата треба да приложат во оригинал или копија заверена на нотар и:
-уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
-доказ за работно искуство;
-доказ за завршен соодветен степен на образование;
-потврда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци);
-лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постар од 6 месеци).
Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавување во дневниот печат. Постапката за селекција за вработување се состои од: административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и интервју.
Кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази имаат право да продолжат на интервју.
Во рок од три дена Комисијата за вработување подготвува и до Директорот на јавната установа од областа на културата доставува предлог кандидат.
Пријавите со потребни документи да се достават до архивата на Библиотеката или на адреса: Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци„ Радовиш, ул. Илинденска бр. 13, 2420 Радовиш.
НАПОМЕНА: Некомплетни или ненавремено поднесените документи нема да се разгледуваат.
Изборот ќе се изврши во рок од 5 (пет) работни дена по добиениот предлог од Комисијата за вработување, согласно Законот за култура и правните акти на Библиотеката.
В.Д.Директор
Иванка Соколова