Делегација од општина Радовиш во посета на Велика Плана

На покана на збратимената општина Велика Плана, делегација од општина Радовиш предводена од градоначалникот Герасим Конзулов, во периодот од  8 до 11 мај, присуствуваше на свеченоста организирана по повод одбележувањето на денот на општина Велика Плана. 

За време на посетата  двајцата гградоначалници остварија работна средба при што разговараа за проширување на меѓусебната соработка и учество на заеднички проекти со цел проширување на културните врски меѓу овие две општини. 

Во културниот дел од Програмата за одбележување на денот на Велика Плана, делегацијата од општина Радовиш присуствуваа на прославата по повод јубилејот 70 години од постоењето на библиотеката “Радоје Домановиќ”, како и на завршните активности од 14 Меѓународен фестивал на документиот филм „Златна буклија„ на којшто учествуваа 308 филмови од 11 земји. На овој исклучително престижен фестивал, градоначалникот Герасим Конзулов имаше голема чест да додели неколку значајни награди на некои од најуспешните филмски режисери од Србија и регионот. Воедно, неколку награди додели и директорката на ОУ Центар за култура Ацо Караманов – Изабела Ангелова.

 Посетата заврши во атмосфера на срдечно пријателство и покана до раководството од Велика Плана да гостуваат на некоја од позначајните манифестации во општина Радовиш.
 

Галерија