24-11-2018| ​ВО ТЕК Е ОДРЖУВАЊЕТО НА 45 КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ

        По синоќешното свечено отварање на Карамановите поетски средби во Центарот за култура ,,Ацо Караманов", денес библиотеката „Браќа Миладиновци“ е местото каде е собрана поголама група на еминентни странски и македонски поети. Сребите започнаа со претставувањето на македонските поети Христо Петревски и Марина Мијаковска кои подоцна имаа средба со млади поети и читатели од Радовиш. Во продолжение беа претставени поетските портрети на македонскиот поет Михаил Ренџов со осврт на д-р Кристина Николовска и писателката Фросина Пармаковска со осврт на д-р Мишел Павловски.
          Во продолжение од страна на учесниците беа проследени книжевните разговори на тема „ПОЕЗИЈАТА И МУЛТИМЕДИЈАТА со излагања од страна на д-р Соња Стојменска –Елзесер, д-р Мишел Павловски, д-р Лорета Георгиевска –Јаковлева, д-р Кристина Николовска, д-р Иван Џепароски, д-р Александар Проокопиев и Борче Панов.
Во вечерните часови ќе се претстават поетите од Црна Гора, Романија, Словенија, Бугарија и Косово.
 
Покровители на „45 КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“ се  Општина Радовиш и Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Советот на караманови средби при Центарот за култура „Ацо Караманов.

Галерија