17.11.2018| Заврши единаесеттиот „Саем на книга 2018-Радовиш“

Заврши единаесеттиот по ред саем на книга, кој што Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш, го организира традиционално секоја година во рамките на Месецот на книгата.
На Саемот што траеше од 12 до 16 ноември и оваа година беа претставени најновите наслови на книги, училишна и образовна литература од осум познати издавачки куќи: Топер, Матица Македонска, Три, Култура, Феникс, Просветно дело, Наша култура и Сакам книги.
Саемот беше посетен од над 5000 посетители, со што го обори рекордот на досегашната посетеност и  потврди  колку граѓаните на општина Радовиш ја сакаат книгата и пишаниот збор.
Најпродавани книги беа: Бисерот што ја скрши школката од Надија Хашими, Девојката и ноќта од Гијом Мисо, Патот на душите Мајкл Њутн, Темјанушки во март и.т.н .
Саемот е добра прилика граѓаните да се запознаат со најновите изданија и можеме да очекуваме дека овој саем следната година ќе привлече повеќе посетитли, но и издавачи со уште попривлечна и достапна понуда за радовишката читателска публика.

Галерија