03-11-2018| Промоција на книгата Светот на Елена

Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш на 3 (трети) ноември  во присуство на голем број гости ја промовираше книгата „Земја на светлината - Светот на Елена“ од Оливера Балоска Марчетиќ. Светот на Елена е второ продолжение од романот Замја на светлината, роман кој е напишан за најмладите и изобилува со мистичност, фантазија и настани од сонот и мислата на детскиот свет. Со својата извонредно богата, прецизна и продорна мечта  ги открива соништата на секое семејство за совршен заеднички одмор, за младата генерација и недостатоците на денешницата и преку ова свое дело се обидува да најде решение за сите недостатоци што ги предизивкува таа, особено новата технологија.  
За книгата со голема инспирација зборуваа: Ванѓелко Лозановски, Љубица Чифлигароска и Ленче Трајаноска Николоска. 

 

Галерија