Во организација на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш во присуство на голем број вработени во јавните библиотеки од Република Македонија кои присуствуваа на дводневната работилница „Дигитални библиотеки“ и пред љубопитната радовишка публика беше претставен поетскиот портрет на роднокрајниот автор Борче Панов. За творештвото на поетот, поетскиот јазик и иновативниот лиризам зборуваа еминентни критичари: Д-р Лорета Георгиевска, Д-р Христо Петрески, Д-р Мишел Павловски и Мирко Марковиќ, советник по библиотекарство од Р. Србија