Bиблиотеката ја посетија околу 120 основци и деца од предшколска возраст

Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш денес, во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата организирано ја посетија над 80 деца. 

Библиотеката беше полна со дечињата од предшколска возраст од ЈОУДГ ,,Ацо Караманов" од Радовиш.

Над триесеттина деца од одделенската настава од Подрачно основно училиште „Орце Николов“ дојдоа од село Воиславци за да се запознаат со пишаниот збор. Тие од страна на вработените во библиотеката беа запознати со работата на библиотеката, нејзината дејност и функција, библиотечниот фонд и можностите за користење на услугите од истата.

Галерија

Поврзани вести