Промовирано најновото дело на Горјан Петревски

Денес напладне, со присуство на голем број ученици и наставници од Општинските основни училишта во Општина Радовиш, во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш промовиран беше најновиот роман на познатиот детски писател Горјан Петревски.

Станува збор за продолжението на романот ,,Марта" насловено како ,,Другата Марта", а за творештвото на авторот Петревски како и содржините на овој најнов негов роман, пред присутните зборуваа младата писателка Виолета Ѓуровска од Скопје и професорката Гордана Здравкоска.

Поврзани вести