Прогласени победниците на наградниот конкурс за најдобра литературна творба

Во чест на Меѓународниот ден на жената - Осми март, денес во Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш објавени и прогласени беа резултатите од наградниот конкурс за најдобра литературна творба на тема: ,,Мајката најубавиот цвет во долината на моето детство". 

На конкурсот, со свои творби се јавија 45 ученици од основните училишта во општините Радовиш и Конче од кои првото место и припадна на ученичката Верче Атанасова од VII-3 одделение при ООУ ,,Крсте Петков-Мисирков" во Радовиш. Второто место го поделија учениците Маја Ужевска од VII-2 одделение при ООУ ,,Крсте Петков - Мисирков" во Радовиш и Стефани Јованова од V одделение од ООУ ,,Коста Рацин" од село Подареш. Треттото место го поделија учениците Александар Јосифов од VIII-1 одделение при ООУ ,,Никола Карев" - Радовиш, Филип Николов од VI-1 одделение при ООУ ,,Орце Николов" од село Ињево и Сара Спасова од ОУ ,,Гоце Делчев" од село Конче. 

Инаку, наградените ученици, пред присутните ги презентираа своите авторски остварувања за што од библиотеката им беа врачени соодветни признанија и награди.

Поврзани вести