Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” Радовиш, синоќа, со пригодна свеченост го одбележа јубилејот 60 години од оснивањето и постоењето.
Шеесет годишниот континуиран развој и напредок на библиотеката беше прикажан со краток видео запис, а пред присутните за оснивањето, развојот и активностите на библиотеката зборуваше директор Станој Петров кој меѓу другото напомна дека, библиотеката од своите почетоци во 1957 година кога со работа отпочнала со 500 книги, денес истата прерасна во современ мултуфункционален сервис на граѓаните со комплетна техничка опременост од со богат и разновиден книжен фонд од на 60.000 книги.
По повод јубилејот, од името на градоначалникот Герасим Конзулов, претседателот на Советот на Општина Радовиш Коле Чаракчиев на библиотеката и додели плакета за развој и унапредување на библиотечната дејност.
Инаку, јубилејното чествување на библиотеката беше збогатено и со музичко сценски рецитал под наслов ,,Миладиновци за потомците – потомците за Mиладиновци” во изведба на ученици од ООУ ,,Крсте Петков – Мисирков” Радовиш и од Нижото музичко училиште при ООУ ,,Никола Карев” од Радовиш.
Поврзани вести