Во знак на чествување на македонскиот поет и револуционер Ацо Караманов, во библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш започна 49 интернационалната поетска манифестација „Караманови средби“, која традиционално се одржува во Радовиш. Беседа за Ацо Караманов имаше проф. д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писатели на Македонија, кој се осврна и на големината на Ацо Караманов, читајќи дел од неговата поезија напишана на само шеснаесет години, пред прерано да згасне неговиот живот. Во рамките на програмата на 49 Караманови средби беше доделена наградата за книгата „Ефемиди“ од Милчо Мисоски. Покрај другите содржини беа претставени и наградените поети со Интернационланата награда „Караманов 2022“. Во рамките на манифестацијата беше одбележан и Јубилејот 65 години постоење на ОНБ „Браќа Миладиновци“, во Радовиш, а свое обраќање имаше директорот на библиотеката Станој Петров кој се осврна на почетоците и достигнувањата на библиотеката. На 49 Караманови средби беше промовирана и Поетската антологија на 49 „Караманови средби“. Имено, на годинашниот конкурс со свои поетски ракописи се јавиле 179 поети од целиот свет. Од сите нив беа одбрани вкупно 43 најдобри поетски ракописи од автори во светот со завидно книжевно реноме и потврдени книжевни вредности од кои селекторите Борче Панов и преведувачката проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска приредија Поетска антологија на 49 Караманови средби која беше објавена од страна на издавачот ОНБ Браќа Миладиновци и промовирана на 49 Караманови средби од страна на уредникот Борче Панов. Воедно, на 49 Караманови средби беа промовирани и наградените ракописи на поетите Хозе Едуардо Деграсија (Бразил-Италија) и Константин Северин од Романија кои се годинашни добитници на Интернационалната книжевна награда „Ацо Караманов“. Двокнижието со наградените поетски книги на двајцата поети – „Осудените градови“ од Деграсија и „Животот на сликарите“ од Северин беше промовирано од страна на преведувачот на овие два поетски ракописи – проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.
KARAMANOV POETRY MEETINGS 2022
On December 16-17 2022, City Library “Miladinov Brothers” in Radovish hosted the 49 Karamanov Poetry Festival organized by the Center of Culture “Aco Karamanov” - Radovish in the honour of the Macedonian poet and partisan Aco Karamanov who tragically died at the age of 18 at the end of the WWII. Prof. d-r Hristo Petreski, president of the Macedonian Writers’ Association has delivered an oration on the importance and the greatness of Aco Karamanov and his poetry written at the age of sixteen. As part of the program of 49 Karamanov Meetings, the prize for the book "Ephemies" by Milcho Misoski was awarded. In addition to other contents, the award-winning poets with the International "Aco Karamanov 2022" Award, Constantin Severin from Romania and Jose Eduardo Degrazia from Brazil-Italy and their books (“The Lives of the Painters” and “The Condemned Cities”) translated into Macedonian were also presented by prof. d-r Daniela Andonovska-Trajkovska who authored the translation. Within the framework of the event, the 65th anniversary of the existence of the City Library "Miladinov Brothers" in Radovish was celebrated, and the director of the library, Stanoj Petrov, spoke about the beginnings and the achievements of the library. Billingual Poetry Anthology of 49 Karamanov Poetry Meetings, edited by Borche Panov and prof. d-r Daniela Andonovska-Trajkovska, the translator, was also presented by Borche Panov, president of the 49 Karamanov Poetry Meetings 2022 Council.