• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 6 гости присутни.

   

ОБУКИ АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Детали

Продолжуваат обуките за англиски јазик за невработени лица, кои библиотеката ги организира во рамките на проектот Како полесно до работа. Во текот на месец Мај и Јуни невработените од  втора група ќе бидат во можност да следат 40 часа со што ќе  се стекнат со основно познавање на англискиот јазик.

1300980_orig
4136599_orig
1300980_orig
4136599_orig
1/2 
start stop bwd fwd

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Детали

Во соработка со Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“, Библиотеката започна со реализација на серија работилници наменети за овие лица со цел преку игра и забава на компјутер да помогне во социјализацијата на овие лица.

Тања Костадинова вработена во Дневниот центар рече:

„Соработката со библиотеката ја имаме воспоставено од порано. На наше задоволство и на задоволство на корисниците на дневниот центар „Порака“ трае и до ден денес. Првично соработката беше во насока на сфаќање на институцијата како место каде има книги. Соработката ни продолжи во насока на одржување на трибини, на кампањи, но сега сме посебно радосни што библиотеката не вклучи во овој проект.“

5546305_orig
7852210_orig
9437230_orig
1/3 
start stop bwd fwd

23.04.2012 - САЕМ НА КНИГА

Детали

Женска  акција“ и Клубот "GLOW" во партнерство со  Јавната библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш во чест на  одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април,  организира Саем на книгата со цел поттикнување на читањето кај граѓаните и поттикнување  за дарување на книга за отварање на библиотека во Конче.

На Саемот со свои изданија ќе учествуваат две издавачки куќи: Култура и Топер.

3426221_orig
4569070_orig
6621572_orig
6895758_orig
833056_orig
1/5 
start stop bwd fwd

Преку технологијата до посамостоен живот

Детали

Од 2009 година, Европа започна да го прославува 29-ти Април -Европски ден на  солидарност меѓу генерациите. 2012година во фокусот  на овој настан се разговорите меѓу учесниците и постарите лица за тоа што  значи стареењето и како младите и постарите луѓе можат заедно да соработуваат за  подобар живот. Европската година има за цел да преземе активности и да  донесе промени за да  можеме да изградиме поинклузивно  општество за луѓето од сите  возрасти. Оваа  промена нема да се случи без континуиран  и заеднични напор, кој бара  учество  од многумина.  

Библиотеката Браќа Миладиновци се вклучи во одбележувањето на Европската година на стареењето со организирање на бесплатни курсеви за компјутери за пензионеритеод нашиот град.

3588323_orig
4530731_orig
5501113_orig
6036962_orig
7149915_orig
1/5 
start stop bwd fwd

АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Детали
5261243_orig
676313_orig
5261243_orig
676313_orig
1/2 
start stop bwd fwd

     Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш организира бесплатни курсеви за англиски јазик за 20 невработени лица како дел од  проектот „Како полесно до работа“ кој се реализира со помош на Наградата за социјална интеграција која библитоеката ја доби за успешна реализација на проектот „Креативни умови создаваат можности за работа.“

   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013