• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 21 гости присутни.

   

КНИЖНИОТ ФОНД ВО ОНБ ,,БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ" ЗБОГАТЕН ЗА 1500 КНИГИ

Детали

Мошне обемниот и разновиден книжен фонд во Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш е збогатен за нови 1.500 нови книги. Станува збор за нова пратка од проектот на Владата на Република Македонија ,,Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и нареномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија". Во вака обемната пратка има бројни наслови од наразлични области и тоа: Медицина, Економија, Право, Архитектура, Градежништво, Компјутерски технологии, Глобализација, Родова интеграција, Екологија, Земјоделство........
Дистрибуцијата на книгите до библиотеката беше помогната од рудникот ,,Бучим" и разбирањето на неговиот директор Николајчо Николов.

  • 16576_518637701540734_327549446_n
  • 942452_518638218207349_1797187449_n
  • 944762_518638888207282_1299733354_n
  • 969755_518639064873931_8340556_n

ПРОМОВИРАН РОМАНОТ ,,ГОРДОСТА НА ТАТКО МИ" НА МЛАДАТА ПРОЗАИСТКА ПЕТРАНКА КОСТАДИНОВА

Детали

Во соодветен амбиент и голема посетеност од страна на љубителите на пишуваниот збор, вечерва во организација на Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш, беше промовирано новото, второ по ред прозно остварување на младата Петранка Костадинова. Промотор на романот насловен како ,,ГОРДОСТА НА ТАТКО МИ - Од дебелиот кожен дневник". беше проф. Славчо Атанасов, а делови од романот пред присутните читаше проф. Катерина Диманова. свои поздравни обракаља па имаа директорот на библиотеката Станој Петров и директорот на рудникот ,,Бучим" Николајчо Николов кој и лично ог спонзорираше печатењето на овој роман.

  • 1000740_517562671648237_1949905328_n
  • 1003488_517562554981582_1719322236_n
  • 1004904_517562858314885_1003411857_n
  • 1069270_517562434981594_1402353865_n
  • 602687_517562941648210_906652180_n
  • 945176_517562161648288_1597235407_n
  • 998221_517563131648191_1900082733_n

ПРОМОЦИЈА НА НОВО ПРОЗНО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПЕТРАНКА КОСТАДИНОВА

Детали

Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш, утре, среда 24 Јули 2013 година со почеток од 20 часот, е место, време и можност за нова средба и дружење на љубителите на пишуваниот збор. Станува збор за промоција на новото прозно остварување на младата средношколка и прозаист Петранка Костадинова од село Злеово - радовишко насловено како ,,ГОРДОСТА НА МОЈОТ ТАТКО - Од дебелиот кожен дневник". Промовирањето на ова прозно остварување на Костадинова и овој пат му е доверено на проф. Славчо Атанасов, а улогата на посетители и учесници на овој несекојдневен настан им ја доделуваме на сите оние кои ќе решат да бидат дел од оваа активност на ОНБ ,,Браќа Миладиновци". Повелете.!

  • 1069235_516771091727395_1676662965_n

Промоција на романот ,,Sид што оди" на авторот Илхами Емин

Детали

На 12-ти Јули 2013 година во Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш како програмска содржина на Радовишкото културно лето 2013 година, во присуство на одбрана публика, промовиран беше романот ,,Sид што оди" на авторот Илхами Емин.Промотор на овој роман беше познатото филозофско име - професор Ферид Мухиќ, а фрагменти од романот презентираа: Катерина Диманова, Славчо Атанасов и Борче Панов.

  • 1014163_512968272107677_328450090_n
  • 1069380_512968952107609_731527821_n
  • 164668_512969288774242_62255083_n
  • 69247_511829022221602_4194320_n
  • 946574_512968358774335_208914458_n

Поетско читање: Птици и зборови селици

Детали

pokana

Здружението Контекст – Струмица за прв пат со своја активност во Радовиш.

Ова поетско читање со наслов: Птици и зборови селици е заедничка идеја на учесниците на првото поетско читање организирано во март.

Повелете во 20:00 часот во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, во петок, 17 мај 2013 година да одбележиме уште едно славење на зборовите, тие јата кои во полет не радуваат! 

Контекст ги поканува сите заинтересирани да земат учество во овој настан со читање на свои поетски дела. Да ги прославиме ритмиката на животот, естетиката на зборот, слободата на мислата и тонот на интерпретацијата, заедно! 

Целта е обединување на македонски поети од неколку генерација од овој регион, со што Контекст се залага за посилно промовирање на поезијата во општествениот живот, како и за афирмирање на ставот дека токму литературата може да биде мост на сплотување, разбирање и градење трајни вредности. Да слушнеме сите заедно вонвременски стихови за љубовта како основна човечка особина, за животот, за креацијата која ја носи пролетта, за убавите нешта и за она што не опкружува, за она што не мотивира и инспирира да создаваме, да твориме. Да ја поддржиме творечката мисла, блискоста и меѓусебното почитување, да го збогатиме културниот живот и програмата на Радовиш, а со тоа и да ги слушнеме новите книжевни гласови од регионот. 

Неконвенционално да прославиме уште еден ден на поезијата, затоа што можеби некои велат дека поезијата тешко се снаоѓа во современиот свет или негрижата на општеството како и современата технологија се само дел од виновниците што поезијата е оставена на маргините, но ние едноставно не веруваме во тоа. Поезијата од секогаш била источник на чистата душа, извор на вистината, така и ќе остане!

Потврдени поети/ учесници:

  • Борче Панов
  • Златкова Мануела
  • Катерина Диманова
  • Мирна Трпкова
  • Снежана Андонова
  • Митко Гогов
  • Елизабета Кацарева
  • Соња Ефтимова
  • Марија Димова 
  • Јовица Илич
   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013