• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 13 гости присутни.

   

Радовишката библиотека, добитник на неѓународни награди

Детали

библиотекаБиблиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш е многу повеќе од место каде што љубителите на пишаниот збор може да земат книга. Во тоа се уверивме и при посетата на ова мошне значајно место за радовишани, кое е добитник и на меѓународни награди за својата иновативна работа. Библиотеката е вклучена во повеќе меѓународни проекти, кои им овозможија на граѓаните да поминат многу обуки, но и да најдат работа. Иванка Соколова е библиотекар и каталогизатор во оваа институција, но таа вложува многу труд и енергија ова место да го направи многу повеќе од простор каде што ќе може да се набави книга. Целиот објект е комплетно реновиран. Има нов мебел и полици, нови книги, компјутери, кои може секој да ги користи. Има простор каде што се одржуваат обуки за невработени лица, лицата со посебни потреби, пензионери и жени. 

- Со обуките почнавме во 2006 година, кога со помош на УНДП и Kралството Норвешка се модернизира просторот. Имаме околу 50 илјади книги, кои ги користат и млади и стари. Најмногу се чита белетристика, имаме книги и на турски јазик, детска литература - вели Соколова.

Но, сепак тоа што ја прави посебна и поинаква оваа библиотека се обуките за граѓаните, кои ги организира со помош на меѓународни организации и радовишка „Женска акција“. За проектот „Kреативни умови создаваат можности за работа“ добиле и меѓународни награди.

- Тоа е проект што се однесува на невработени лица, за обука за развивање компјутерски вештини и подготовка на документи за аплицирање за работа. Практично ги учиме луѓето како да бараат работа. Еден месец трае обуката за компјутери, а потоа има интерактивна едукација, која го подготвува кандидатот за интервју за работно место и како треба да се претстави. Низ обуките поминаа 82 лица, од кои 39 најдоа вработување. Имаше луѓе со средно, со магистратура со високо образование. Сфативме дека луѓето не знаат како да бараат работа, дека не се запознати и со можностите што ги нудат и институциите со разни мерки - вели Соколова.

Идејата за оваа акција се родила кога почнала да ги забележува луѓето што доаѓаат во библиотеката, а најчесто читале и барале огласи за работа во весниците. Од истражувањето со „Женска акција“ добиле податоци дека немаат компјутерски вештини, но и дека се категорија сиромашни граѓани, кои немаат компјутер, ниту знаат како да го користат. По обуките научиле како и каде да бараат информации. Соколова особено се гордее што со наградата од фондацијата ЕРСТЕ за овој проект, која ја добиле во Прага, добиле средства да продолжат и со други маргинализирани групи.

- Направивме обуки и за пензионерите. Околу 30 пензионери поминаа часови за компјутерски вештини, а потоа некои си купија компјутери. Претходно беа скептични за обуките, сметаа дека нема ништо да научат. Сега активно употребуваат компјутери во секојдневниот живот и се многу благодарни -раскажува Соколова.

Ова е проект награден од ЕИФЛ, невладина организација, која работи на развој на јавни библиотеки. Радовишката е една од 12-те наградени, а во конкуренција биле 49 библиотеки од други земји. Додека разговараме со Соколова, таа мора постојано да станува бидејќи во библиотеката врие од народ. Некој постојано влегува со стара и зема нова книга. Учениците најчесто се во компјутерскиот центар. Стефанија Насевска и Ивана Захариева, студентки, биле дел од секцијата на млади библиотекари, која ја водела Соколова. 

- Доаѓам постојано во библиотеката да земам книги, а и ме потсетува на убавите моменти што ги поминав тука додека и помагавме на Иванка и учевме за литературата - вели Насевска.

И директорот на библиотеката, Станој Петров, се гордее со успесите. Ни се пофали дека минатиот месец биле домаќини на меѓународна конференција посветена на библиотекарство.

- Имавме стотина учесници од земјава и од странство. Тоа е резултат од нашите активности со меѓународните проекти - вели Петров.

Особено внимание во библиотеката привлекува и катчето на нашата оперска дива Милка Ефтимова, која е родена во Радовиш. Нејзините фустани со кои настапувала, наградите, признанијата, виолината на татко и, секој може да ги види и да им се одушевува.

Милена Атанасоска-Манасиева

Објавено во дневниот весник „Дневник“ на 01.04.2013 година.

Награда од ЕРСТЕ фондацијата.

Детали

ЕРСТЕ ФОНДАЦИЈАТА ЈА НАГРАДИ БИБЛИОТЕКАТА ЗА ИНОВАТИВНОСТА ВО РАБОТЕЊЕТО

На церемонијата  која се оджа во Прага во едно од најпознатите  филмски студија  во Европа – студиото Барандов  (каде што снимале познатите режисери Милош Форман и Роман Полански) беа доделени  37 награди од страна на ЕРСТЕ фондацијата. Настанот со холивудски стил и привлечност беше следен од  650 лица   од бизнис секторот, НВО и медиумите . Од страна на националните и локални  експерти  беа изберени  132 проекти  од вкупно 1865 поднесени барања  за награда од 12 земји и тоа: Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија. Од страна на интернационалното жири составено од  18 експерти, беа препознаени  исклучителни, иновативни, ефикасни активности, кои им овозможуваат  на луѓето кои живеат на маргините на општеството целосно вклучување во општествениот живот. На церемонијата беа  наградени  37 проекти кои го поделија вкупниот фонд на наградата во износ од  613.000 евра. Наградата оддава признание на проекти кои направиле промена врз животот на луѓето во локалните заедници. (www.socialintegration.org) и е наменета да им помогне на поединци и институции во нивната социјална практика. Првата награда на ЕРСТЕ Фондацијата ја доби проектот од Хрватска „Центар за советување и засолниште на жени и деца жртви на насилство“.

На другите победници им се доделени награди во вредност од 16 000 евра, но покрај наградите кои имаат финансиска компонента, победниците  ќе добијат поголема видливост и ќе имаат можност за подобар пристап кон базите на ЕРСТЕ фондацијата и на можни партнери и поддржувачи. 

1172273_orig
3786360_orig
5765031_orig
6958913_orig
7044560_orig
7549418_orig
7995833_orig
8600844_orig
9758379_orig
dnevnik
01/10 
start stop bwd fwd

Во големата конкуренција две македонски организации добија награди во вредност од 16 000 ЕВРА  и тоа Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ и НВО  „Полио плус“ која победи со проектот Социјално партнерство во одговорно општество.  Библиотеката оваа европско признание го доби за успешна релаизација  на проектот  „Креативни умови создаваат можности  за работа“  кој  во 2010 година  со грант беше награден од страна на ЕИФЛ (Electroniv Information for Library) преку   Иновативната  програма за јавни библиотеки (Public Library Innovation program) истотака во силна  конкуренција од 324 пристигнати апликации на библиотеки од 49 земји, кои понудија  свои  иновативни идеи што ја воведуваат новата технологија во својата работа.

   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013