• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 53 гости присутни.

   

Изложба „Татковинска војна 2012“

Детали

Во организација на Општинската Народна Библиотека “Браќа Миладиновци” од Радовиш, во нејзините простории се одржува изложба на плакати под мотото “Татковинска војна 1812”. На оваа изложба е претставена “Бородинската битка” од 1812 година и ќе трае околу две недели.

Според директорот на ОНБ “Браќа Миладиновци” од Радовиш, г-дин Станој Петров, кој е воедно и организатор, изложбата ја организира како мал знак на благодарност до рускиот народ и нивните претставници од дипломатскиот и приватниот сектор во Македонија, за нивната ангажираност и активност, како и за нивните донации во библиотеката, во кој меѓу позначајните спаѓаат опремувањето на мини читална и поправањето на други мали технички недостатоци во истата од страна на рудникот Бучим, обезбедениот литературен фонд на книги од страна на рускиот конзулат, како и санирањето на просторот и градењето на специјална рампа која овозможи полесен пристап за лицата со посебни потреби.

На свеченото отварање присуствуваа претставници од јавниот и приватниот сектор од општина Радовиш, како и претставници од невладините организации и многу граѓани. Почесен гостин на настанот беше конзулот на амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Дунаевски.

Изложбата беше отворена од членовите на руското културно-уметничко друштво “Славјанка”, кои со својот настап ги воодушевија присутните гости.

1403524_419644871440018_1444164690_n
181888_419644888106683_1863484100_n
182309_419644261440079_1591296432_n
222288_419644281440077_1080847659_n
252393_419644811440024_1647160645_n
32409_419644821440023_900944018_n
484159_419644254773413_1407858239_n
484263_419644278106744_621810828_n
522681_419644291440076_1767547751_n
543884_419644321440073_2036777135_n
577810_419644194773419_938616375_n
598445_419644771440028_1346751917_n
67779_419644764773362_1552512101_n
76718_419644208106751_78714281_n
01/14 
start stop bwd fwd
   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013