• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 12 гости присутни.

   

ОТВОРЕН САЕМОТ НА КНИГАТА

Детали

По повод Месецот на книгата и одбележувањето на денот на ослободувањето на Радовиш, во Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш, започна еднонеделниот продажен саем на книгата.

Во присуство напоголем број љубители на книгата и заинтересирани граѓани, саемот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Радовиш Сашко Николов, а свечениот чин на отварањето го удостоија и делегација од збратимениот град Селчук од Република Турција предводени од заминик градоначалникот на овој град, Претседателот на Советот на Општина Радовиш - Никола Миовски, потоа потесното раководство на рудникот за бакар Бучим, градоначалникот на Општина Конче - Благој Јованов како и други видни личности од општествено-политичкиот живот на Радовиш.

   

Инаку, на саемот, по доста ниски и прифатливи цени, изложени се поголем број на најнови изданија на интересни и барани наслови на книги од издавачките куќи: Ѓурѓа, Топер, Наша култура, Феникс, Матица македонска, Магор и Култура кои љубителите на книгата ќе мозат да ги разгледат до 8-ми Ноември.

   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013