• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 18 гости присутни.

   

Поетско читање: Птици и зборови селици

Детали

pokana

Здружението Контекст – Струмица за прв пат со своја активност во Радовиш.

Ова поетско читање со наслов: Птици и зборови селици е заедничка идеја на учесниците на првото поетско читање организирано во март.

Повелете во 20:00 часот во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш, во петок, 17 мај 2013 година да одбележиме уште едно славење на зборовите, тие јата кои во полет не радуваат! 

Контекст ги поканува сите заинтересирани да земат учество во овој настан со читање на свои поетски дела. Да ги прославиме ритмиката на животот, естетиката на зборот, слободата на мислата и тонот на интерпретацијата, заедно! 

Целта е обединување на македонски поети од неколку генерација од овој регион, со што Контекст се залага за посилно промовирање на поезијата во општествениот живот, како и за афирмирање на ставот дека токму литературата може да биде мост на сплотување, разбирање и градење трајни вредности. Да слушнеме сите заедно вонвременски стихови за љубовта како основна човечка особина, за животот, за креацијата која ја носи пролетта, за убавите нешта и за она што не опкружува, за она што не мотивира и инспирира да создаваме, да твориме. Да ја поддржиме творечката мисла, блискоста и меѓусебното почитување, да го збогатиме културниот живот и програмата на Радовиш, а со тоа и да ги слушнеме новите книжевни гласови од регионот. 

Неконвенционално да прославиме уште еден ден на поезијата, затоа што можеби некои велат дека поезијата тешко се снаоѓа во современиот свет или негрижата на општеството како и современата технологија се само дел од виновниците што поезијата е оставена на маргините, но ние едноставно не веруваме во тоа. Поезијата од секогаш била источник на чистата душа, извор на вистината, така и ќе остане!

Потврдени поети/ учесници:

  • Борче Панов
  • Златкова Мануела
  • Катерина Диманова
  • Мирна Трпкова
  • Снежана Андонова
  • Митко Гогов
  • Елизабета Кацарева
  • Соња Ефтимова
  • Марија Димова 
  • Јовица Илич
   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013