• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 54 гости присутни.

   

Меѓународен ден на книгата и авторското право

Детали

Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци,,  - Радовиш, денес со пригодна програма го одбележа  Меѓународниот ден на книгата и авторското право. По тој повод, приогдна реч пред присутните имаше директорот на библиотеката Станој Петров, а по повод овој значаен ден за книгата и авторското право прочитани беа и пораката од: Генаралниот директор на УНЕСКО Г-ѓа Ирина Бокова како  и македнската порака од поетот и есеист Никола Маџиров. 

На денешната свеченост по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на книгата и авторското право 23-ти Април, објавени беа и резултатите од наградниот конкурс на библиотеката распишан по повод одбележувањето на денешниот празник, така што, за прво наградена беше прогласена поетската творба на Димитрина Дечинова од VII-в одделнеие од О.У. ,,Крсте Петков –Мисирков со менторот Томе Постолов, вторнаградена беше творбата на Олгица Ефремова VI-2 одделение од О.У. ,,Никола Карев” од Радовиш со менторот Каменита Костадинова – Атанасова и третопласирана беше творбата на Андреина Ташкова од VIII – 1 одделение од ОУ ,,Крсте Петков – Мисирков,, со менторот Димче Здравев. 

Првите две првопласирана творби, Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци,,  - Радовиш и Општина Радовиш, на 10-ти мај 2013 година ќе ги претставуваат на Детскиот поетски фестивал ,,Мајски цвет 2013,, во Кочани.

DSCF3993
DSCF3994
DSCF3995
DSCF3996
DSCF3998
DSCF4000
1/6 
start stop bwd fwd

   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013