• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 32 гости присутни.

   

Услуги

Детали

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ ги нуди следните услуги:

  • Позајмување на книги (од библиотеката и од други библиотеки преку меѓубиблиотечно позајмување);
  • Позајмување на CD и DVD од фондот на библиотеката;
  • Користење на читална;
  • Користење на детско катче;
  • Користење Интернет и помош при Интернет пребарување;
  • Помош при пополнување на формулари и испраќање на електронска пошта;
  • Скенирање, печатење и фотокопирање на документи;
  • Промоции на книги, книжевни настани, саем на книги;
  • Изложби;
  • Организирање трибини на најразлични теми;
  • Изнајмување на просторот на читалната за промоции и други настани, кои не се во спровитовност со дејноста на библиотеката и во време кога библиотеката не работи за корисници;
  • Изнајмување на опрема за презентации (ЛЦД проектор и платно);
  • Соработка и организирање на различни активности со училишта, НВО, други јавни институции од општината и др.;

 

  • Библиотечниот материјал се позајмува за период од 15 дена, со можност за продолжување од уште 7 дена.
  • CD, DVD дисковите и детските играчки се издаваат по ден.
  • Користењето на читалната и детското катче е бесплатно.
  • Читателите можат да извршат продолжување и резервирање на библиотечниот материјал по телефон или електронска пошта.

За библиотеката

Детали

Општинската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш е формирана во далечната 1957 година и оттогаш активно учествува во јавниот и културниот живот на општината.

Библиотеката може да се пофали дека располага со вкупен фонд од над 50.000 книги, и која бројка секојдневно расте, а истите можат да се изнајмат на подолг период или заедно со дневните весници и магазини, можат да се користат во читалната на библиотеката.

Прилагодувајќи се кон динамичните промени во општеството и предизвиците на новото време библиотеката „Браќа Миладиновци“ се транформира во мултифункционален информативен граѓански центар, којшто покрај редовното промовирање на книгата и збогатувањето на културниот простор на општината, нуди и многу други услуги наменети за граѓаните.

Во библиотеката функционира ИТ - центар со 6 компјутери и 13 лаптопи наменети за корисници, со постојана Интернет врска.

   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013