• images/Biblioteka/banners/Untitled-1.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-2.png
  • images/Biblioteka/banners/Untitled-3.png

Следете не на Facebook  

   

Кој е онлајн  

Има 55 гости присутни.

   

ЗАВРШИ РЕГИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА ЈАВНИ БИБЛИОТЕКИ

Детали

Заврши Регионалната конференција за јавни библиотеки на тема „Јавните библиотеки поттикнуваат иновации во заедницата“ која се одржа на 14 и 15 февруари во Радовиш. На конференцијата освен библиотекари учествуваа Раководителот на ЕИФЛ ПЛИП програмата Рамуне Петуховаите, претставници од Министерството за култура и локалните власти со цел започнување на дијалог за новите улоги на јавните библиотеки и развој на услуги, кои придонесуваат за економски, социјални и образовни приоритети во земјата, како дел од една поширока иницијатива за поврзување.

DSC_2368
DSC_2369
DSC_2370
DSC_2371
DSC_2372
DSC_2373
DSC_2374
DSC_2375
DSC_2376
DSC_2378
DSC_2379
DSC_2380
DSC_2381
DSC_2382
DSC_2383
DSC_2384
DSC_2385
DSC_2386
DSC_2387
DSC_2388
01/20 
start stop bwd fwd
 
Првиот ден беше организирана панел дискусија за проблемите со кои се соочуваат библиотеките во Македонија, која беше поттикната по претставувањето на мисијата и визијата на ЕИФЛ- Програма за иновации за јавни библиотеки, која има за цел да поттикне воведување на нови услуги во работата на библиотеките од земјите во развој. Преку оваа програма со грантови беа наградени неколку библиотеки од регионот кои постигнаа големи успеси со воведувањето на ИТ технологиите во своето работење и нови иновативни услуги за социјално исклучените групи. Директорката на Библиотеката Радислав Никчевиќ од Србија, Весна Црнковиќ зборуваше за услугите кои библиотеката ги воведе за земјоделците. Овој проект беше реплициран од Националната и универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ од Штип за чии резултати постигнати преку Инфобусот зборуваше м-р Вилма Јованова. За услугите за млади кои во својата работа ги воведе Јавната библиотека Завидовиќи (Босна и Херцеговина) зборуваше г-ѓа Амела Хоџиќ, координатор на проектот. Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ преку воведувањето на нови услуги за невработените лица и поттикнувањето на доживотното учење постигна големи успеси на локален, национален но и меѓународен план за чии успеси зборува и престижната награда „Социјјална интеграција 2011 година“ во Прага која беше доделена од страна на ЕРСТЕ фондацијата. Библиотеката и по завршувањето на проектот продолжува со развивање на нови услуги и за други социјално исклучени групи потенцира м-р Иванка Соколова координатор на проектот.
 
Дискусијата поттикната од добрите практики ја започна градоначалникот на општина Радовиш д-р Роберт Велков, кој зборуваше за напорите и финансиската поддршка на општина Радовиш за ревитализација и модернизација на библиотеката „Браќа Миладиновци“ што обезбеди развој на нови услуги во работата на библиотеката со цел да се подобри животот на граѓаните и воспоставување на линк за демократски дијалог меѓу граѓаните и локалните власти. Во дискусијата се вклучи и Заменик раководителот на Секторот за заштита на културно наследство при Министерството за култура на Република Македонија Бошко Ангеловски, кој зборуваше за Стратешките планови на Министерството за култура во насока на развој на библиотечната дејност. Поттикнати од примерите на добри услуги во дискусијата се вклучија директорот на Националната и универзитетски библиотека „Св. Климент Охридски“ Миле Бошески кој ја потенцира важноста од воведување на механизми за финансирање на библиотеките.
Присутните развија дискусија за проблемите со кои се соочува македонското библиотекарство, за начинот на финансирање и можностите за развој на нови услуги преку поттикнување на властите за поголеми вложувања во библиотечната дејност и можноста за искористување на фондовите на ЕУ и други донатори.
 
DSC_2391
DSC_2392
DSC_2393
DSC_2394
DSC_2395
DSC_2396
DSC_2397
DSC_2398
DSC_2399
DSC_2400
DSC_2401
DSC_2402
DSC_2403
DSC_2404
DSC_2405
DSC_2406
01/16 
start stop bwd fwd
 
На вториот ден од конференцијата околу триесетина излагачи од Македонија и регионот зборуваа за новите услуги кои се воведени во работата на библиотеките и можноста од воедување на нови услуги. Во одлична атмосфера конференцијата поттикна конструктивен разговор и размена на искуства и воспоставување на соработка и размена на знаења помеѓу библиотекарите. 
   
© Библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш, 2013